


















15 февруари 1965, прв пат било кренато знамето на Канада
На денешен ден за прв пат било подигнато препознатливото знаме на Канада со црвениот јаворов лист.
Од 1763 година Канада користела знамиња кои ја симболизирале британската круна, чија колонија била, а знамето на Обединетото Кралство останало во употреба сѐ до 1964 година. Но, од 1868 паралелно официјално постоела и канадска варијанта која на црвена позадина во левиот горен агол го имала британското знаме, а на десната страна имало амблем. Ова знаме низ годините добило четири различни варијанти.
Сегашното канадско знаме неофицијално се користело од 1890 година и било признато во 1945 како пролазно решение кога станувало збор со проблемот на знамето во Канада. Во 1964 премиерот Лестер Пирсон свикал комитет за да се реши овој проблем, каде што се развила серизона дебата за промена на знамето. Од сите три дадени предлози бил избран јаворовиот лист дизајниран од Џорџ Стенли и Џон Матесон, засновано на знамето на Кралскиот воен колеџ на Канада. Знамето за прв пат било претставено на 15 февруари 1965 година и овој ден денеска се прославува како ден на Националното знаме на Канада.