16 декември 1773, се случила познатата Бостонска чајанка
Еден од главните настани на патот кон американската независност е таканаречената Бостонска чајанка, протест на американските патриоти против законот за чај на Британците.
На 10 мај истата година бил донесен Актот за чај со кој компанијата „Британска Источна Индија“ продавала кинески чај во американските колонии без да плаќа данок. Американските патриоти, членови на движењето „Синови на Слободата“ од Бостон, преправени како домородни Американци се качиле на неколку бродови и уништиле цели пратки чај.
Водите на бостонското пристаниште се облеале со чај, замирисале, а настанот го добил името Бостонска чајанка (Boston Tea Party) кој потоа станал важен елемент од Американската револуција.