16 февруари 1959, Фидел Кастро ја презел власта во Куба
На денешен дел Фидел Кастро положил заклетва како премиер на Куба откако претходно со герилска борба помогнат од Че Гевара го симнал од власт диктаторот Фулхенсио Батиста.
Фидел запливал во водите на револуционерната политика уште од 1947 година учествувајќи во обид за рушење на доминиканскиот диктатор Рафаел Трухило, како и во граѓанските нереди во Богота, Колумбија. Во 1951 година влегол во изборите за место во кубанскиот Парламент, но пред изборите генералот Батиста ја презел власта со крвав државен удар.
Две години подоцна Кастро собрал околу 160 бунтовници и ја нападнал воената база во Сантјаго де Куба, украл оружје и преку радио објавил дека во Куба почнува револуција. Во декември 1958 бунтовниците на Че Гевара го нападнале градот Санта Клара по што силите на власт на генералот Батиста потклекнале, а револуционерите го избрале харизматичниот Фидел за премиер.