16 септември 1996, денот кога Велес престана да биде Титов
Педесет години (без еден месец) градот Велес се викаше Титов Велес во чест на Јосип Броз Тито. На денешен ден во 1996 година придавката Титов беше избришана од името на овој град.
Основан под името Вилазора, познат како Ќупурли за време на турското ропство, потоа Велес, а од 11 октомври 1946 година наречен Титов Велес. Денес, едноставно Велес.
Титов Велес потсетува на едно поинакво време, времето на Југославија кое за многумина евоцира убави спомени и носталгија.