17 јануари 1920, почнала американската прохибиција
На денешен ден официјално почнала 14-годишната забрана за производство, транспорт, продажба и консумирање на алкохолни пијалаци во САД.
Со 18-тиот амандман од Уставот на САД и Волстедовиот акт алкохолните пијалаци биле целосно забранети и нивната употреба казнива со закон.
Законот требало да го реши насилството во државата кое протестантското население сметало дека произлегува од енормната консумација на алкохол, особено во доста популарните салони.
Прохибицијата била укината со 21. амандман од Уставот на 5 декември 1933 година.