17 март 1601, се одржала првата парада за Св. Патрик
Првата парада по повод денот на Свети Патрик во историјата е запишана дека се одржала на денешен ден во 1601 година во местото Свети Августин на Флорида, тогаш шпанска колонија.
Парадата ја организирал ирскиот наместник Рикардо Артур, која потоа станала традиција иако веднаш не продолжила секоја година. Во 1737 година носталгичните ирски војници кои служеле во англиската војска во Бостон ја организирале првата парада таму, а во Њујорк за првпат се одржала во 1762 година.
Свети Патрик е патрон на Ирска кој бил христијански мисионер од V век. Благодарение на неговата автобиографија „Confessio“ денес знаеме за неговиот живот. Бил родум од Британија и на 16 години бил заробен од ирски пирати каде минал 6 години во заробеништво пред да се врати дома. Станал свештеник и се вратил во Ирска каде направил многу чуда.