17 октомври 1933, бегајќи од нацистите Ајнштајн се преселил во САД
Како Евреин по потекло, Ајнштајн се нашол на мета на нацистите сакајќи да ја исчистат Германија од малцинствата, особено од Евреите.
Откако бил одбиен да стане државјанин на Обединетото Кралство, познатиот научник добил покана да стане професор на Институтот „Принсетон“ во Њу Џерси, САД.
Подоцна истиот Институт станал дом на голем број научници бегалци од нацистичка Германија. Јон фон Нојман, Курт Гедел и Брурија Кауфман се едни од најпознатите.
Ајнштајн останал во „Принсетон“ сѐ до неговата смрт во 1955, а државјанин на САД станал во 1940 година.