18 декември 1865, САД го укинале ропството
На денешен ден пред 158 години било укинато ропството во САД. Со официјалното усвојување на 13-тиот амандман во Уставот на САД, по 246 години од првиот брод на кој пристигнале заробени Африканци во Џејмстаун, Вирџинија, кои веднаш биле продадени како робови, било укинато ропството во сите американски држави.
Првата англиска колонија во Северна Америка, Вирџинија, ги добила првите Африканци во 1619 година, по пристигнувањето на брод на кој биле пренесени 20 робови. Повеќето од робовите биле во сопственост на белци, иако некои Индијанци и слободни црнци имале свои робови.
Од XVI до XIX век се проценува дека 12 милиони Африканци биле пратени како робови во Америка. Од нив, околу 645.000 биле донесени во САД. Со пописот на населението во САД во 1860 година, бројот на ропското население пораснал на 4 милиони.