18 октомври 1867, САД ја презеле Алјаска од Русија
Иако продажбата била договорена уште во март истата година, Американците дури на 18 октомври го подигнале знамето на својата нова територија.
Русија тогаш инсистирала на продажба на својата територија во Северна Америка, а прво му ја имале понудено на Лихтенштајн чиј богат принц сепак одбил да ја купи. Потоа конечно нашле купец во САД.
Американците ѝ платиле на царска Русија 7,2 милиони долари, што денес е околу 110 милиони. До ден денес Американците немаат остварено профит од земјата со кој би излегле во плус од зделката.
На денешен ден во градот Ново-Архангелск руското знаме било заменето со американското, а потоа градот бил преименуван во Ситка. 18 октомври е празник во сега сојузната држава Алјаска наречен Alaska Day.