20 февруари 2000, 22 години без актерот Игор Маџиров
Пред 22 години почина култниот македонски катер Игор Маџиров, за многумина еден од најдобрите актери во државава, можеби најпознат по улогите во серијата „Во светот на бајките“.
Маџиров имаше само 30 години кога во сè уште нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балконот на неговиот стан, а единствен сведок на тој немил настан беше неговата тогашна девојка. Случајот до ден денес не е расветлен до крај.
Јавноста го памети Маџиров како актерот со црвена коса, Могли – детето од џунглата, а првата улога како 7-годишно дете ја добил во филмскиот серијал „Белото циганче“. Претставата „Убавицата и ѕверот“ во Театарот за деца и млади беше последна за него, кога својата улога ја одиграл само 8 часа пред неговата смрт. Во Театарот за деца и младинци во периодот од 1993 до 2000 година Маџиров одиграл над 500 претстави. Меѓу 60-ина кандидати режисерот Милчо Манчевски му ја доделил улогата на Естој во најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“. Роден бил во 1970 година.