21 јануари 1793, бил гилотиниран последниот француски крал
На 38-годишна возраст неславно завршил последниот францускиот крал, Луј XVI, со што бил означен крајот на монархијата.
Луј XVI бил симнат од власт за време на Француската револуција поради неможноста да се справи со реформите кои сам ги создал. Револуцијата почнала токму за време на неговото владеење, четири години пред да биде погубен, кога кулминирало незадоволството на третиот сталеж.
Откако бил симнат од власт на 13 август 1792 година, бил уапсен и ставен в затвор. Потоа на 11 декември бил изнесен на суд каде бил обвинет за предавство од високо ниво и криминал против државата. На 15 јануари наредната 1793 година со огромно мнозинство бил прогласен за виновен, но на смрт бил осуден со мало мнозинство.
Бил погубен со гилотина на денешен ден на плоштадот „Револуција“ во Париз (денес плоштад „Конкордија“). Егзекуторот Шарл Анри Сансон запишал дека кралот храбро ја поднел својата судбина.