23 јули 1911, бил откриен изгубениот град Мачу Пикчу
На денешен ден, 23 јули, во 1911 година американскиот историчар и истражувач Хирам Бингам го пронашол изгубениот град на Инките скриен длабоко во перуанските Анди.
Бингам заминал во потрага по градот заедно со локални фармери, потомци токму на Инките. Го открил на надморска височина од 2.430 метри на планински венец во долината Урубамба, скриен во облаците.
Поради зафрленоста, Мачу Пикчу никогаш не бил осноен, ниту пак најден од шпанските освојувачи. Бил изграден во средината на 15 век, а самите Инки го напуштиле во 1572 година. Иако градот се смета за откриен во 1911 година, домородното население цело време знаело за постоењето на градот, но без да ја сподели тајната локација на странците.
Од 1983 година е заштитен од УНЕСКО.