23 ноември 1936, излегол првиот број на списанието Life
На денешен во далечната 1936 година излегол првиот број на легендарното списание Life, познато по своите оригинални фотографии.
Life всушност датира многу порано, од 1883 година, но во поинакво издание - неделно хумористично списание. Големата економска криза од раниот 20-ти век донела промена во управниот одбор на Life. Познатиот американски издавач Хенри Лус станал нов сопственик и го ребрендирал списанието во она кое ќе стане познато низ светот.
Својот пик Life го доживеало во средината на минатиот век кога со тираж од 8 милиони примероци имало огромно влијание врз животот во САД, а било барано и на останатите континенти. Во 80-тите и 90-тите години популарноста почнала да паѓа, а последниот број излегол во 2000 година. Од 2004 до 2007 година на кратко заживеало како додаток во американските весници.
Денес повеќето броеви се достапни онлајн, а оригиналните списанија држат добра цена за продажба кај колекционерите.