24 април 2011, пуштени во употреба новите трибини на Националната Арена
Пред точно 11 години во употреба беа пуштени трибините Исток и Запад со што целосно заврши првата фаза од реконструкцијата, односно сите трибини.
Трибината Север беше завршена прва и веќе пуштена во употреба една година претходно со натпреварот Работнички - Ливерпул во рамките на квалификациите за пласман во Лига Европа. Јужната била изградена уште во 1980.
Изградбата на Исток и Запад беше почната на 8 септември 2009 и завршена за 19 и пол месеци. Со мала церемонија беше свечено претставена новата Национална Арена со сите завршени трибини. Реконструцијата продолжи со обнова на теренот, атлетската патека и уредувањето на подтрибинскиот простор.
Вкупниот капацитет на Арената е 32.580 гледачи, а најмногу беа присутни на натпреварот Македонија - Шпанија во септември 2015 кога се појавија точно 28.843 гледачи.
Фото: MacedonianFootball.com