24 август 1814, Британците ја запалиле Белата куќа
На денешен ден за време на Војната 1812 британските војници влегле во Вашингтон и палејќи го градот ја запалиле и познатата Бела куќа.
Британската војска предводена од мајорот Роберт Рос ги поразила Американците во Битката кај Бладенсбург во Мериленд и со тоа истиот ден си отворила непречен пат кон престолнината Вашингтон. Ноќта веќе била спуштена кога Британците почнале да го палат градот и притоа запалите многу големи градби меѓу кои и Белата куќа и Капитолот. Кога војниците влегле во Белата куќа, претседателот Џејмс Медисон и првата дама Доли веќе биле евакуирани.
Тоа е прв и еденствен пат во американската историја странска војска да влезе во Вашингтон и да го заземе градот. Сепак, окупацијата на Британците траела најмногу 26 часа.
Белата куќа била толку оштетена што Медисон својот мандат го завршил во Октагоналната куќа, а претседателската куќа била реконструирана до 1817 година кога се вселил новоизбраниот Џејмс Монро.