26 јуни 1976, пуштена била кулата CN во Торонто
Во тоа време станала највисоката градба во светот со 553,3 метри, рекорд кој го држела сѐ до 2007 година.
Проектот почнал во 1968 година кога Канадската национална железница одлучила да изгради огромна телевизиска и радио комуникациска платформа која ќе му служи на целиот Торонто, но и на светот ќе му ја покаже канадската индустриска моќ.
Иградбата почнала на 6 февруари 1973 година и завршила со отворањето на 26 јуни 1976. Потрошени биле 63 милиони канадски долари.
Го носи името CN во чест на Canadian National, компанијата што ја изградила. Била највисока градба на светот сѐ до 2007 година кога била надмината од Бурџ Калифа облакодерот во Дубаи.