27 октомври 1806, Наполеон го освоил Берлин
На денешен ден во историјата е забележан Падот на Берлин кога француската војска на Наполеон Бонапарта ја освоила тогашната пруска престолнина.
Откако Наполеон ја поразил војската на Фредерик Вилијам III, кралот на Прусија, во битката кај Јена-Ауерштет, извојувал решавачка победа која му го отворила патот кон главниот град на Прусија, Берлин.
Прускиот крал и преостаната војска побегнале во Кенгсберг, денешен Калининград, по што Наполеон влегол во Берлин и француските војници извршиле голем грабеж на градот.