29 декември 1940, најжестокото германско бомбардирање на Лондон
Нацистичка Германија ја почнала операцијата „Блиц“ на 7 септември 1940, а најжестокиот напад се случил истата година на два дена пред новогодишната ноќ.
Бомбардирањето на главниот град на Обединетото Кралство кулминирало на денешен ден кога Германците извршиле најжесток напад фрлајќи многу бомби што резултирало со тоа Лондон да гори од сите страни. Самите граѓани пеколот го нарекле Втор голем лондонски пожар.
Нападот почнал во 18 часот и 17 минути, а Луфтвафе фрлале по 300 бомби во минута. Огромна била штетата во историскиот кварт, а загинале вкупно 28.556 лондончани, додека околу 25 илјади биле повредени.