Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

3 јануари 1925, Бенито Мусолини се прогласил за диктатор

На денешен ден, пред точно 100 години, италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини одржал говор пред италијанскиот Парламент во кој го утврдил неговото право на врвна моќ и ефективно станал диктатор на Италија.

Пред да стане лидер на фашистичко движење, Мусолини бил новинар и посветен социјалист, но по Првата светска војна станал фашист и со тоа бил инспирација за Адолф Хитлер. До 1921 година Мусолини бил избран во Парламентот како лидер на растечката Национална фашистичка партија.

Во октомври 1922 година организирал марш во Рим на кој учествувале 60.000 фашисти. Кралот Виторио Емануеле III му дал мандат да состави влада на 28 октомври 1922 година со што Мусолини станал премиер. Тогаш почнала неговата фашистичка диктатура за која карактеристични биле империјалистичката политика, укинувањето на демократските слободи и права и страшниот терор.

На почетокот имал поддршка од пратениците од Либералната партија во Парламентот, со нивна помош вовел строга цензура и го изменил изборниот закон така што во периодот од 1925 година до 1926 успеал да ја придобие сета диктаторска моќ и да ги ликвидира другите политички партии.

Од заслепените следбеници Мусолини бил наречен Ил Дуче (Водачот). Постепено ја градел легендата за Ил Дуче како човек кој секогаш е во право и е способен да ги реши сите политички и економски проблеми. Благодарение на него Италија станала полициска држава.

На 28 април 1945 година бил фатен од италијанските партизани и застрелан по брза постапка.

Вести

12 ноември 1996, смртоносен судир над индиското небо

Read more

11 ноември 1944, Куманово било ослободено

Read more

10 ноември 1885, Дајмлер го направил првиот мотоцикл

Read more

9 ноември 1989, паднал Берлинскиот ѕид

Read more