4 август 1952, завршен бил првиот прекуатлантски лет со хеликоптер
На денешен ден, 4 август, во 1952 година, хеликоптери на Американската воздухопловна спасувачка единица слетале во Западна Германија со што успешно го завршиле првиот прекуатлантски прелет со хеликоптер.
Летот траел вкупно 51 час и 55 минути, а летале два хеликоптера од типот Sikorsky H-19A. Полетале од воздухопловната база во Вестовер во Масачусец, САД, а на европско тло прво слетале во Прествик, Шкотска, на 31 јули. Потоа се упатиле кон крајната дестинација, тогашна Западна Германија каде стигнале на денешен ден.