4 март 1944, Американците го бомбардирале Берлин
Откако претходно Советите, Британците, па и Французите, извршиле десетици напади и воздушни битки со Германците на небото над Берлин, на денешен ден американската авијација го извршила својот прв напад.
Оригиналниот план бил бомбардирањето да се случи на 3 март, но лошите временски услови тоа го одложиле за утредента. Со вкупно 1.374 авиони Американците заминале во небесната борба, а 37 им биле соборени.
Учествувале 730 бомбардери и тоа 504 од типот B-17 и 226 од типот B-24, а нив ги прателе 644 борбени авиони од Осмата воздушна армија.
Американското бомбардирање продолжило и на 6 и 8 март.