4 октомври 1957, лансиран првиот вештачки сателит Спутник-1
На денешен ден почнала советската вселенска програма откако во ниската орбита бил лансиран сателитот Спутник-1, првиот вештачки сателит на човештвото.
Сателитот бил полирана метална сфера со дијаметар од 58 сантиметри со 4 надворешни радио антени чии сигнали биле детектирани и од аматерските радија. Бил лансиран вечерта во 10 часот и 29 минути по московско време од Бајконур вселенскиот центар во советската република Казахстан.
Спутник-1 орбитирал три недели пред да се потрошат батериите, по што продолжил да орбитира уште два месеца пред на 4 јануари 1958 да се врати во земјината атмофера.
Лансирањето на овој сателит предизвикало паника во САД почнувајќи го периодот на таканаречената Спутничка криза (Sputnik crisis) кој потоа резултирал со Вселенската трка како дел од Студената војна меѓу СССР и САД.