4 септември 1970, револуционерот Салвадор Аљенде дошол на власт во Чиле
За пр впат во Латинска Америка се случило еден револуционер по мирен пат, со избори, да дојде на власт. Тоа го направил сенаторот Салвадор Аљенде, социјалист по политичка припадност, откако победил на претседателските избори во Чиле.
Но, иако наголемо прифатен од народот, наскоро против Аљенде се кренала целата домашна опозиција. Во 1973 година генералот Аугусто Пиноче со помош на САД и ЦИА во крвав пуч го соборил народниот претседател. Аљенде бил убиен во пучот, а Пиноче потоа вовел немилосрдна диктатура.