5 април 1614, Покахонтас се омажила за Џон Ролф
Со бракот склучен помеѓу ќерката на поглаварот на Поухатани индијанците и англискиот тутунар бил договорен мир помеѓу колонијалистите и домородците во Вирџинија.
Во мај 1607 година околу 100 англиски колонијалисти се населиле долж реката Поухатан во Вирџинија и го основале Џејмстаун, првата англиска трајна населба во Америка. Реката ја нарекле Џејмс. Освен болестите и недостатокот на храна, се мачеле и со нападите на домородните жители.
Поглаварот Вахунсонакок имал ќерка по име Матоака со надимак Покахонтас која се спријателила со доселениците, научила англиски, го прифатила христијанството, а потоа се заљубила во Џон Ролф, градоначалник на Џемјстаун.
Нивниот брак, одобрен од поглаварот Вахунсонакок, означил мир помеѓу двете страни. Покахонтас наредната година го родила синот Томас, а во 1616 се вратиле во Англија каде по една година починала, веројатно од мали сипаници.