6 август 1945, САД ја фрлија првата атомска бомба врз Хирошима
На денешен ден, пред 75 години, американски бомбардери фрлија атомска бомба над Хирошима, убивајќи околу 140.000 луѓе. Три дена подоцна беше фрлена втора бомба врз Нагасаки. Две недели подоцна Јапонија се предаде, со што заврши Втората светска војна.
На 6 август 1945 година САД ја фрлија првата атомска бомба врз Хирошима, напад за првпат извршен сo нуклеарно оружје за време на војна. Најмалку 70.000 починале на лице место од експлозијата, а десетици илјади од повредите предизвикани од радијацијата во текот на следните денови, недели и месеци, пишува BBC.
Рано изутрина јапонскиот премиер Шинзо Абе и градоначалникот на Хирошима, во присуство со преживеаните од бомбардирањата и нивните наследници присуствуваа на одбележувањето од 75-годишнината на оваа трагедија, почитувајќи ги протоколите за справување со пандемијата на COVID-19.