6 јули 1885, Луј Пастер за прв пат употребил вакцина против беснило
Вакцината против беснило Пастер ја создал тестирајќи ја врз зајаци. Потоа ја тестирал врз 50 кучина пред да почне да ја тестира и на луѓе. Токму на 6 јули 1885 година за прв пат ја вбризгал во човек, а пациентот било 9-годишното момче Жозеф Местер кое било тазе каснато од бесно куче.
Вакцината се покажала успешна бидејќи детето не развило симптоми на беснило. Потегот Пастер го направил на сопствен ризик бидејќи не бил лиценциран лекар и можел да биде кривично гонет. Во тек на 11 дена детето примило 13 вбризгувања. По три месеци тестовите покажале дека момчето е во одлично здравје, а Пастер станал херој и избегнал кривична одговорност.
Подоцна Местер како возрасен работел во Институтот „Пастер“ во Париз сѐ до својата смрт.