7 август 1816, Лаенек го измислил стетоскопот
Францускиот физичар и музичар, Рене Лаенек, благодарение на својата вештина во изработување флејти го измислил стетоскопот, помагало без кое денес не може да се замисли медицината.
Лаенек тогаш работел во болницата „Некер“ во Париз. Како мајстор за изработка на флејти, првиот стетоскоп го изработил од дрво и имал цилиндричен облик, нормално, налик на флејта. Модерниот стетоскоп е целосно различен од оној на Лаенек, но, сепак, заслугите одат кај Французинот.
Рене-Теофил-Јасинт Лаенек бил роден на 17 февруари 1781 година во градот Кембер во Бретања, а починал на 13 август 1826 во малото бретонско гратче Плоаре.