7 мај 1915, германска подморница го потопила бродот Lusitania
Во екот на Првата светкса војна германска U-20 подморница го потопила британскиот патнички брод „RMS Lusitania“ при што загинале 1.198 луѓе.
„Lusitania“ бил потопен со торпеда 18 километри од ирскиот брег откако Германците изведувале поморка блокада над Обединетото Кралство напаѓајќи го секој брод, било воен или цивилен, што сакал да излезе од водите на кралството. Потопувањето на „Lusitania“ било причина САД да се вклучат во војната против Германија, бидејќи голем дел од жртвите биле Американци.
На бродот имало вкупно 1.959 лица од кои 761 успеале да преживеат. Бродот потонал за 18 минути.