Aston Martin го претстави Vantage Roadster A3
Зад моделот Vantage Roadster A3 Edition стои одделот AM Q во кој се задолжени за посебни креации, а автомобилот настана во чест на најстариот модел на Aston Martin.
Најстариот модел е произведен во далечната 1921 година, а ќе бидат произведени само три примероци кои ќе ја носат ознаката A3 Edition.
Проектот го нарача британската компанија HWM, а Vantage Roadster A3 има ретро детали кои наликуваат на стариот модел А3.
Го движи 4-литарски V8 мотор кој развива 510 КС.
Погледнете ја галеријата.