BMW го претстави iX со 500 КС
Компанијата BMW го претстави новиот електричен SUV.
BMW iX е базиран на новата платформа која баварската компанија ја разви за електричните возила. Големиот SUV го придвижува петтата генерација со потполно електричен погон, а се работи за два електрични мотори кои развиваат нешто повеќе од 500 КС. Од 0 до 100 км/ч новиот iX забрзува за помалку од 5 секунди.
Батеријата се полни до 70 осто за 40 минути, а за 10 минути може да се поминат 120 км. Производството започнува во втората половина на 2021 година, а продажбата кон крајот на истата година.