BMW започна со производство на електричниот SUV iX3
SUV iX3 е вториот електричен модел во понудата на BMW, а започна да се произведува во Кина.
Електричниот BMW iX3 до купувачите во Европа ќе пристигне во средина на наредната година и е првиот модел на BMW кој може да се добие во комбинација со конвенционален мотор со внатрешно согорување, plug-in хибриден погон и верзија со електричен мотор.
Автомобилот развива 286 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 6,8 секунди и развива 180 км/ч.
Почетната цена во Германија изнесува 68.040 евра.