Еве како изгледа BMW X6 M по третманот во G-Power
BMW X6 M е моќен SUV, но ако некому не му е доволно тоа, тука е G-Power.
G-Power понуди три опции по различни цени. За 2.495 евра добивате модел со 690 коњски сили и 850 Nm максимален вртежен момент. Stage 2 ја зголемува моќноста на 737 коњски сили и 900 Nm максимален вртежен момент и чини 3.495 евра.
На врвот на понудата е Stage 3 кој му овозможува на моторот да развие 789 коњски сили и 950 Nm максимален вртежен момент, а цената за овој третман чини 4.595 евра.
Од 0 до 100 км/час забрзува за помалку од 3,8 секунди.
Погледнете ја галеријата.