Галерија на денот: Ова е новата Škoda Fabia
Škoda ја претстави четвртата генерација на популарната Fabia со почетна цена од 14 илјади евра.
На купувачите ќе им бидат на располагање две нови бои на каросерија: Orange Sunset и Graphite Grey.
Новата Fabia ја движи 3-цилиндричен 1,0 атмосферски мотор кој развива 65 или 80 коњски сили и максимален вртежен момент од 93 Nm.
Послабиот модел до 100 км/час забрзува за 15,5 секунди и достигнува максимални 172 км/час, а помоќната верзија од 0 до 100 км/час забрзува за 15,1 секунда и достигнува максимални 179 км/час.
На врвот на понудата е 4-цилиндричен 1.5 TSI мотор кој испорачува 150 КС и 250 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/час забрзува за 7,9 секунди и достигнува максимални 225 км/час.
Погледнете ја галеријата.