Hyundai го претстави i20 N Line - компактен автомобил со одличен дизајн
Јужнокорејската компанија Hyundai ја претстави новата i20 N Line верзија базирана на најновата генерација на компактниот хетчбек.
Новиот модел доаѓа со подобар мотор – 1,2-литарски бензин мотор кој развива 83 коњски сили. Купувачите може да го одберат и 1,0-литарскиот мотор достапен со 99 и 118 коњски сили.
Hyundai i20 N Line има уникатни 17-инчни фелни. Достапен е во phantom црна, aurora сива, brass и polar бела боја.
Продажбата започнува во пролет 2021 година.