Како изгледа освежениот модел Hyundai Kona?
Hyundai го претстави освежениот кросовер Kona.
Освежениот модел Kona има поинаков изглед на надворешноста, направени се и промени во внатрешноста на автомобилот, како и понудата за моторот, а сега е достапен и нов N Line пакет.
N Line од стандардната Konа се разликува по обликот на предниот браник.
Hyundai нуди и 1,6-литарски дизел и 1,0-литарски бензин мотор со 48-волтна хибридна технологија. Дизелот развива 136 коњски сили и е достапен со 7-степен автоматски или 6-степен мануелен менувач, а силата се пренесува на сите четири тркала. Помалиот мотор испорачува 120 коњски сили, но е достапен и без хибриден систем.
Освежените Kona и Kona N Line во Европа пристигнуваат кон крајот на оваа година, а Kona Hybrid на почетокот на наредната година.
Погледнете ја галеријата.