Како изгледаше првиот училиштен ден во Хјустон?
Во САД учебната година почнува во август, а веќе во неколку американски држави се отворени училиштата и покрај лошата состојба со коронавирусот.
Илјадници ученици во Хјустон се вратија на училишните клупи на 7 август. Според фотографиите објавени на Facebook, учениците и професорите следат строги здравствени протоколи и создадени се услови за физичка дистанца меѓу учениците. Сите носат маски.
Родителите имаат можност да одберат дали детето ќе следи онлајн настава или ќе оди на училиште. Околу 25 проценти ученици од едно училиште во Хјустон ќе учат онлајн, иако родителите и наставниците се свесни дека постојат проблеми со виртуелната платформа за учење. Сепак, мислењата на родителите се поделени и многумина од нив сметаат дека не е безбедно физичкото присуство на учениците во училиштата.
Од галеријата може да погледнете како изгледа првиот училиштен ден во Houston County School System.