Кич, голотија и венчаници: Најлошите модни изданија на Met Gala 2022
Сите вистински вљубеници во модата знаат дека првиот понеделник во мај значи голем моден настан - Met Gala, а освен оние кои синоќа блеснаа во своите изданија, имаше и такви кои со нив ја шокираа јавноста. Погледнете ги некои од најлошите комбинации.
Десетици ѕвезди од познатата А-листа присуствуваа на синоќешната спектакуларна Met Gala, чиј домаќин долги години беше главната уредничка на Vogue, Ана Винтур.
И додека некои вчудоневидуваа со својот изглед, други дефинитивно ја шокираа јавноста. Некои од таквите ѕвезди се Кејти Пери, Емили Ратајковски, Кара Делевињ, Камила Кабељо, Сара Џесика Паркер, Кајли Џенер, Били Ајлиш, Џема Чан и Лала Ентони.