Кој со маска, кој без маска: Ѕвездите на црвениот тепих во Венеција
Интернационалниот филмски фестивал во Венеција почна во необична атмосфера откако актери, актерки, режисери и други филмски работници продефилираа на црвениот тепих – кој со маска, кој без маска.
77. издание на популарниот фестивал ќе трае од 2 до 12 септември.
Ова издание ќе биде во знакот на европскиот филм откако поради пандемијата со коронавирусот многу холивудски актери и филмови мораа да го откажат учеството како последица на рестрикциите за патување од САД во Европа.