Луксуз и комфор: Bentley го претстави освежениот Bentayga
Bentley го претстави освежениот модел Bentayga за 2021 година. Од компанијата велат дека го искористиле најновиот дизајн кој дебитираше на новиот модел Continental GT.
Напред е сместена поголема решетка за ладилникот, но најголемите промени се направени на задниот дел на автомобилот. Во внатрешноста е сместен нов управувач, а моделот ќе добие и 10,9-инчен инфозабавен систем.
Новиот SUV го придвижува 4,0-литарски V8 мотор кој развива 542 коњски сили и 770 Nm максимален вртежен момент.
Во понуда се и две нови бои на каросеријата.