Низ фотографии: Туристите се вратија во Венеција
По 3 месеци празни плоштади и улици и напуштени гондоли, Венеција им посака добредојде на туристите кои и во време на пандемија решија да прошетаат низ Италија, земја во која починаа над 34.000 луѓе од последици на COVID-19.
Guardian објави фотографии од туристи кои уживаат во вкусот на италијанското кафе на плоштадот Свети Марко во Венеција, повторно оживеа популарното возење со гондоли низ каналите, како и посети во музеите и прошетки низ градот.