Памплона: Две лица повредени на трката со бикови
Најмалку две лица се повредени за време на четвртата трка со бикови на фестивалот „Сан Фермин“ во Памплона.
Двете лица се здобиле со полесни повреди и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување, соопшти Црвениот крст.
Инаку, како што сооштија организаторите, трката била една од најбрзите, биковите поплочениот пат долг 850 метри го минале за две минути и 19 секунди.
Четворица Американци и еден Шпанец се повредени од петокот кога почна фестивалот „Сан Фермин“
Фестивалот „Сан Фермин“ во Памплона стана славен благодарение на романот на Ернест Хемингвеј од 1926 година „Сонцето повторно се раѓа“. Секоја година фестивалот привлекува илјадници туристи од целиот свет.