Низ фотографии: Mini слави 60 години постоење
Иако е автомобил кој е синоним за 60-тите, Mini во текот на годините изгради имиџ како „возило за сите времиња“. Неговиот култен изглед и максимална практичност го направи еден од најпродаваните и најпопуларни модели на сите времиња, а годинава тој го прославува 60-тиот роденден.
Често опишан како „вистинскиот автомобил во вистинско време“, Mini стана пример за тоа како треба да изгледа еден мал автомобил. Препознатлив дизајн кој ретко се менува драстично, одлични спецификации и шарм кој е нетипичен за обичните автомобили го направија овој модел еден од оние модели за кои се зборуваше пред 50 години и ќе се зборува во наредните 50 години.