Ова е новата Opel Astra
Еден од најпопуларните компактни модели во Европа доживеа драстична трансформација.
Opel ја претстави новата генерација на моделот Astra со радикално изменет дизајн. Трансформацијата на овој автомобил ги изненади љубителите на овој модел.
Направени се промени во внатрешноста, а новата Astra ја користи EMP2 платформата на PSA групацијата.
Кога станува збор за дизајнот, автомобилот наликува на најновата генерација на кросоверите на Opel, a највпечатливиот детаљ е карактеристичната предна црна маска со ЛЕД дневни светла.
Понудата започнува со 3-цилиндричен 1.2-литарски турбо бензин мотор со 110 и 130 коњски сили.
Засега не е позната цената, а продажбата почнува оваа есен.