Ова е новиот електричен Hyundai Ioniq 5
Hyundai го претстави електричниот Ioniq 5. Не станува збор за мал хетчбек со мотор од Mitsubishi туку за потполно нов SUV со електричен погон.
Ioniq 5 е базиран на E-GMP платформата и претставува продукциска верзија на концептот 45 Concept претставен на Саемот за автомобили во Франкфурт 2019 година.
Hyundai за Ioniq 5 одбра 20-инчни аеродинамични оптимизирани фелни, најголеми досега. Напред и позади се LED светла во облик на правоаголници.
Моделот со еден мотор развива 168 коњски сили и 350 Nm максимален вртежен момент, а од 0 до 100 км/час забрзува за 8,5 секунди. Моделот со два мотора испорачува 232 коњски сили и 605 Nm максимален вртежен момент, а до 100 забрзува за 6,1 секунда.
Батеријата од 10 до 80 отсто се полни за 19 минути.