Ова е новиот Mercedes-AMG SL
По речиси седум децении, SL се враќа на своите корени.
Mercedes го претстави целосно новиот AMG SL кој ќе биде достапен со погон на сите четири тркала. Автомобилот сега изгледа скапо и динамично, а под елегантната надворешност ја „крие“ најновата технологија.
Кровот се спушта за само 15 секунди, а може да се спушти и во текот на возењето под услов да не возите повеќе од 60 км/ч.
За погонот е задолжен 4.0 V8 бит турбо мотор. Послабиот модел AMG 55 4 Matic+ развива 476 коњски сили и 700 Nm максимален вртежен момент, а од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,9 секунди.
Посилниот AMG 63 4Matic+ располага со 585 КС и 800 Nm, oд 0 до 100 км/час забрзува за 3,6 секунди и развива 315 км/час.
Погледнете ја галеријата.