Ова е новиот Nissan Qashqai
Откако во Европа се продадени повеќе од 3 милиони примероци, може да се каже дека Qashqai е исклучително важен модел за Nissan. Денеска е претставен новиот модел кој има значајни промени во однос на претходникот.
Новиот Qashqai има „остар“ дизајн и необични предни светла како и претходните модели на Nissan. Ќе добие и 20-инчни сет фелни и full-LED matrix светла. Достапни се 11 бои за каросеријата.
Qashqai се нуди со 1,3-литарски турбо бензин мотор во комбинација со блага хибридна технологија која развива 138 КС и 240 Nm максимален вртежен момент, а посилната варијанта 156 KС и 260 Nm максимален вртежен момент.