Ова е новиот Peugeot 308 караван
Новото издание на Peugeot 308 на купувачите во Европа ќе биде достапно од наредната година.
Од Peugeot сметаат дека во Европа има многу купувачи кои наместо кросовер ќе изберат караван, па затоа го претставија новиот Peugeot 308.
И Peugeot 308 SW го движат мотори од PSA групацијата. Основната понуда ја сочинува 1,2-литарски трицилиндричен турбобензин мотор со 110 и 130 КС, а тука е и 1,5-литарски четирицилиндричен турбо дизел со 130 коњски сили.
Ќе бидат достапни и две plug in хибридни верзии чиишто електромотори во комбинација произведуваат 150 и 180 коњски сили. Капацитетот на батеријата е доволен за да се поминат 59 километри.