Патките од парк добија живеалишта
Прошетките во Градскиот парк не би биле исти без неговите постојани жители - патките, кои може да се забележат уште во првиот дел во езерцето на паркот.
Град Скопје во соработка со УНДП изготви и постави траголни и осмоаголни куќарки за патките, жителите на Градскиот парк. Овој проект кој е во рамки на акцискиот план за рипарски хабитати, односно крајбрежни живеалишта е од особена важност за еко системот во кој живееме. Со тоа делуваме во обезбедувањето на висока продуктивност на биомасата и во поддржување на животот на бројни видови.
„На крајот бенефитите се взаемни, природата ни враќа онолку колку што ние сме и дале!“, порачува Град Скопје.
Фото: Град Скопје