Поглед во автобусот на Mercedes кој Германците го користеле на СП 1974
Светското првенство во Катар започнува на 20 ноември, а компанијата Mercedes-Benz ја искористи можноста да прикаже еден од своите специјални автобуси користен за време на Светското првенство во Западна Германија во 1974 година.
На тоа Светско учествуваа само 16 репрезентации, додека во Катар ќе има двојно повеќе. Mercedes обезбеди автобуси за превоз на репрезентациите, а секој од нив беше обоен во боите на германското знаме. Исто така, маскотите Тип и Тап го красеа задниот прозорец.
Внатрешноста на автобусот била доста удобна за тоа време за играчите да можат што поудобно да патуваат на натпреварите. Секое седиште имало пепелник, додека во задниот дел на автобусот имало буре со пиво. Музика се слушала на Blaupunkt стерео уред, а автобусите имале и клима.
Седиштата биле обложени со комбинација од црвена и портокалова ткаенина, додека потпирачите за глава биле со бели навлаки. Кога станува збор за автобусот на репрезентацијата на домаќинот Западна Германија, секој играч имал обележано седиште.
Западна Германија на крајот стана светски првак откако во финалето ја совлада Холандија со 2:1.
Сепак, копијата од автобусот во музејот на Mercedes не е автентична затоа што по Мундијалот сите автобуси биле префарбани и пуштени во употреба. Со оглед на фактот дека и невозможно да се најде оригинална копија, Mercedes произведе идентична реплика.
Инаку, Mercedes го претстави автобусот O 302 на почетокот на 1965 година и направи повеќе од 32.000 примероци. Клиентите можеа да избираат помеѓу 4-цилиндрични и 6-цилиндрични дизел мотори со моќност меѓу 125 и 236 КС. Воздушната суспензија стана стандардна во 1971 година, откако претходно беше опционална.