Поглед во освежените модели на BMW
BMW ги претстави освежените Серија 5 и Серија 6 Grand Turismo, но и моделот X2 кој го придвижува plug-in хибридна опција.
BMW ги претстави освежените изданија на Серија 5 во две каросериски варијанти и Серијата 6 Grand Turismo. Баварските претставници имаат нова маска за ладилникот и пониски куќишта за ЛЕД светла.
Сите мотори во понудата за Серија 5 се потпомогнати или со plug in хибридна опција или 48-волтен благ хибриден систем. На сите мотори во дизел верзијата им асистираат два турбополначи.
Паралелно со претставувањето на освежените модели, oд BMW го претставија и plug-in хибридниот модел - кросоверот X2 25e xDrive кој го придвижува комбинација од трилитарски турбобензин мотор и електричен мотор.